Задоволните клиенти
потврдуваат за нашето успешно работење
години искуство
Здравата и убава насмевка ќе ја зајакнат вашата самодоверба, а Вие ќе имате квалитетен живот
Ние во ПЗУ Д-р. "Жикица Ѓорѓиевски" веќе 8 години го подобруваме здравјето и изгледот на нашите пациенти. За нас пациентите не се само бројка, секој пациент е исклучително важен и кон него имаме индивидуален пристап базирано на неговата проблематика. Затоа, посветуваме многу време за идентификување на проблематиките на нашите клиенти, нивните потреби и желби, кон кои пристапуваме со посебна грижа, а ги охрабруваме и оние кои имаат страв од стоматолог. По стручното утврдување на состојбата на Вашите заби, ги нудиме и соодветните современи решенија, но и границата од која нема компромиси, а се со цел подобро здравје и убава насмевка.
Нашата мисија е сите наши пациенти да бидат здрави, среќни и задоволни од нивната насмевка. Понатаму преку редовните контроли да влијаеме на свеста на пациентите за да го одржуваат и унапредуваат здравјето на нивните заби и согласно соодветниот протокол, да се откријат и отстранат и најмалите проблеми кои во меѓувреме можат да настанат.
За да се постигне овој стандард, потребен е врвен квалитет во опремата, висока стручност кај тимот и квалитетна услугата, а ПЗУ Д-р. "Жикица Ѓорѓиевски" нуди современи технолошко-технички и хумани ресурси за рана дијагностика, безболна и навремена терапија и одржување на здравјето на забите со високо организирана и професионална услуга и врвен тим.
Насмевката е императив за Вашата самодоверба, која се рефлектира во Вашиот квалитетен живот.
Наша задача е да ја истакнеме Вашата прекрасна насмевка, но и да Ви бидеме поддршка во нејзиното коннитуирано одржување!
