Услуги

 

Нашата ординација Ви нуди најсовремен пристап во разрешувањето на стоматолошките интервенции. Наша главна цел е да пружиме помош, квалитетна и брза услуга со минимална болка при стоматолошките интервенции

Нашата ординација има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија и работи со референтните цени за пациентите кои имаат здравствено осигурување


Естетска стоматологија

Ламинати се естетски протетски надоместоци со кои што за кратко време можете да добиете многу убава насмевка. Тоа се тенки керамички плочки кои се лепат на надворешната страна од забот. Поради самиот материјал тие не ја менуваат бојата под влијанието на храна или цигари.

Рентген кабинет

Поседуваме модерен рентген кабинет каде што можете да ги извршите сите потреби снимања. Употребата на Х-зраци е неизбежна постапка во високо квалитетната стоматолошка дијагностика. Таа е неопходна бидејќи дава увид во здравствената состојба на делови од усната шуплина кои не се видливи за време на клиничкиот преглед.


Детска стоматологија

Редовен стоматолошки преглед (на секои 6 месеци) е најмалку што можете да направите за здравјето на забите на вашето дете. Уште од најмала возраст е важно да се научат децата да водат грижа за своите заби, а тоа може да се постигне со избор на добар стоматолог кој истовремено знае да биде и добар педагог.

Општа стоматологија и ендодонција

Ендодонција е лекување на забите при што помагаме да ги решите вашите проблеми поврзани со пулпата (нервот) на забот т.е ја отстрануваме болката и го подобруваме вашето орално здравје.


Избелување на заби

Избелувањето е постапка при која со примена на дентални средства за избелување добиваме посветла нијанса на забите. Избелувањето на забите е многу популарен третман со кој безболно ќе им ја вратиме природната белина на вашите заби. Кај нас резултатите при избелување на забите се видливи веднаш.

Болести на виличниот зглоб и шкрипење со забите

Најголем број луѓе шкрипат додека спијат. Вие можеби не сте ни свесни за тоа. Причината не е јасна, но најчесто е последица на стрес. Доколку ништо не се преземе против оваа штетна навика, наречена бруксизам, таа може да доведе до проблем со виличните мускули и виличниот зглоб, па дури и до губиток на некои заби.


Пломбирање (инлеи и онлеи)

Денес ги употребуваме најновите нано-композитни пломби, кои ги исполнуваат двата основни услови, да имаат доволна цврстина и отпорност за да ги ''издржат'' силите при џвакање а истовремено естетски да задоволуваат. Новите фотополимерни материјали поседуваат физички својства и оптички карактеристики слични како природните заби.

Импланти

Денталните импланти се современ и ефикасен начин да се надополнат забите што недостасуваат и се дизајнирани така што ги имитираат вистинските заби. Тие се одлично долгорочно решение за реставрирање на вашата насмевка. Всушност развојот и употребата на имплантите е една од најголемите придобивки во стоматологијата во последите 40 години.


Протетика

Нудиме безметални, метал-керамички и zirconium керамички мостови и коронки. Коронки и мостови се фиксно протетски конструкции за реставрирање на оштетените или извадените заби со цел да ги надомести, зацврсти и разубави. Кога се работи за еден заб се нарекува коронка, а ако е за повеке заби се нарекува мост. Мостот всушност претставува сет од неколку коронки споени помегу себе.

Ортодонција

Протезите помагаат да се направат суптилни промени на забниот ред преку примена на мали количини на притисок во текот на еден период. Кога се прават модификациите,притисокот може да предизвика мал дискомфорт иако тоа е нормално. Брекетите може да доаѓаат во различни форми и бои.


Залевање на трајни заби

За да се спречи кариесот на гризните површини на забите, вршиме залевање на фисурите на забот со соодветен стоматолошки материјал. Со тоа се пополнуваат нерамнините и се добива површина која лесно се чисти. За оваа постапка не е потребно стружење на забите, што ја прави потполно безболна.

Флуор профилакса

Флуор профилакса (ендогена и егзогена) е третман преку кој се врши замена на јоните на калциум и фосфор во молекулот на хидроксиапатит со флуорен јон до флуорапатит. Тоа соединение ја зголемува цврстината на забната глеѓ и обезбедува подобра заштита.


Тотални и парцијални протези

Тоталните и парцијални протези ги надоместуваат изгубените заби и ткива кај целосна безабост. Овој тип на протези се прават при комплетен или голем губиток на заби. Кај овие надокнади, периодот на прилагодување е подолг, па по поставувањето на протезите пациентот еднаш до два пати треба да дојде на контрола.

Визил протези

При поголем губиток на заби изработуваме класични визил протези или визил комбиниран со мостови, споени меѓу себе со спојки (атачменти). Овој вид на протези ги задоволуваат естетските принципи и добро се поднесуваат од страна на пациентите.

 

Сакате да ја посетите нашата ординација?
Закажете го вашиот прв бесплатен преглед сега!


Закажи преглед